Погодокот на Пјер-Емерик Обамејанг во 90-тата минута за 3-1 за Арсенал во голема мерка ги намали шансите на Валенсија да се најде во финалето на Лигата на Европа. Барем статистички.
Традицијата и историјатот на двобоите на Валенсија на европската сцена покажуваат дека „лилјаците“ секогаш оделе понатаму по гостински пораз од 1-2, но никогаш не добиле елиминациски меч по пораз од 1-3. Валенсија до синоќа трипати губела на гости со 1-3 во првите мечеви, против Црвена ѕвезда во 1972, против Карл Цајс Јена во 1980 и против Порто во 1989 година и никогаш не успеала да го надомести тој минус.
Сепак, навивачите на Валенсија се сеќаваат дека нивниот омилен тим го елиминираше Базел по пораз од 0-3 на гости, па и овојпат веруваат дека на реваншот против Арсенал на „Месталја“ ќе успеат да победат со 2-0 или поубедливо.