Дамјан Стојановски имаше мирна рака, погоди две слободни фрлања во последните моменти, а МЗТ Скопје беше поснаодлив од Гостивар во неизвесна завршница и победи со 95:91. И сега како лидер го чека дерби дуелот со Работнички во понеделник.
Мечот имаше интерсен тек, а МЗТ ги доби првата и третата четвртина, Гостивар беше подобар во парните два периоди, речиси постојано фаќаше прикличок, а утката на извонредниот Фустингер од слободно фрлање во финишот го одлучи победникот.
Фустингер постигна 27 поени, но промаши од линијата за слободни фрлања при резултат 92:91 за МЗТ, па вицешампионот успеа да победи.
Кај домаќините блескава партија одигра Предраг Самарџиски со 27 поени и 13 скокал, а до него беше Дамјан Стојановски со 20 поени. Медфорд уфрли 17, а Иванов застана на поен помалку.
Кај гостите покрај Фустингер, ефикасен беше и Костовски со 19 поени, а Ефианаи забележа 16 поени. МЗТ со 45 бода е прв на табелата, пред Работнички со 44 и Гостивар со 41.