Нема спас за Кардиф

Вест Хем – Саутемптон (Сабота, 16 часот)

Вест Хем според мене е фаворит и ќе го победи Саутемптон, а очекувам да има предност и на полувремето. Чеканите имаат солиден состав, со неколку одлични играчи, но не одиграа на посакуваното ниво сезонава во Премиерлигата.

Сега им е шанса со победа против Саутемптон барем малку да се рехабилитираат пред своите навивачи. Гостите го обезбедија опстанокот и ќе играат порелаксирано, но типувам на триумф на Вест Хем.

Предлог тип: 1-1 (3.75)

 

Вулверхемптон – Фулам (Сабота, 16 часот) 

Вулверхемптон е пријатно изненадување сезонава во Англија и игра одличен фудбал. Волците се уште имаат шанси за пласман во квалификациите во Европа Лигата и очекувам да нападнат против отпишаниот Фулам.

Гостите имаат неуспешна сезона, испаднаа од Премиерлигата и тогаш почнаа да играат подобро. Очекувам и некој гол од нив, иако мечот многу повеќе му значи на домаќинот.

Предлог тип: 3+ (1.95) Супер тип Sport Life

 

Кардиф – Кристал Палас (Сабота, 18.30 часот)

Кардиф ќе се обиде да остане во игра за спас и продолжување на надежите за опстанок, но Кристал Палас игра многу добро во финишот на сезоната. Го изненадија Арсенал, а и претходно ги победија и Тотенхем и Манчестер сити, што потврдува дека се одличен состав.

Во Англија нема калкулирање и очекувам Кристал Палас да одигра како што знае. Типувам реми, денеска на дуелот во Кардиф.

Предлог тип: Х (3.35)

 

Њукасл – Ливерпул (Сабота, 20.45 часот)

Ова е дерби со посебен шмек, а двете екипи биеја и битки за титулата во минатите времиња. Сега Њукасл е далеку од врвот, но Ливерпул се уште е во игра за пехарот во Премиерлигата.

Гостите се на крстопат, ги чека и реваншот со Барселона, но како стојат работите можат да останат и без двата трофеи. Сепак денеска се фаворити против Њукасл, иако играат со згуснат распоред. Очекувам да го победат големиот ривал.

Предлог тип: 2&2-3 гола (2.80)

 

Манчестер сити – Лестер (Понеделник, 21 часот)

Манчестер сити е се поблиску до одбрана на титулата во Премиерлигата, а ако некој може да го сопре во последните два меча, тоа е Лестер.

Јас не верувам во такво сценарио, на последните два меча што овие две екипи ги играа на „Етихад“ подобар беше домаќинот и ќе типувам дека и третпат по ред ќе победат во меч со малку голови.

Предлог тип: 1&0-2 гола (5.00)

 

- Оглас -

Најнови вести