Денис Суарес нема среќа со повредите, малку настапуваше сезонава за двата клуба, чиј член беше во 2018/19, но може да биде рекордер со дури пет пехари.
Почна во Барселона со успех и го освои пехарот во Суперкупот на Шпанија со победа против Севилја. Иако не настапи на мечот, сепак му се смета како освоен трофеј, бидејќи беше на клупата за резерви.
Барса ја освои титулата во Шпанија, а Суарес има настапи за Каталонците, кои можат да му донесат вкупно 4 трофеи. Два се веќе освоени, на Барса и останува финалето во Копа Дел Реј против Валенсија и евентуалниот трофеј во Лигата на шампионите, каде се на прагот на финале, по победата против Ливерпул од 3:0 на првиот меч.
Суарес играше на 4 меча во ЛШ за Барселона, пред да се пресели во Арсенал. И тука не игра многу, сега е и повреден, но има 4 настапи во Европа Лигата, каде топчиите се еден од четирите кандидати за титулата.
По првиот меч со Валенсија, клубот од Лондон има предност од 3:1, што му отварат можност на играчот од средниот ред да се надева на вкупно пет трофеи со два клуба сезонава, за кои имаше настапи.