Хјустон и Харден сакаат реванш, тука се домашните навивачи да помогнат

Џејмс Харден (Хјустон рокитс – Голден стејт вориорс, 02:30 часот – Трет натпревар, полуфинале Запад. 2-0 за Голден стејт)

Шампионот мора да плати за крвавите очи на ѕвездата на Хјустон, Џејмс Харден. Таа непланирана повреда која не го спречува да игра, само го налути Харден и ноќеска ќе блесне пред домашната публика. Воедно, Ракетите мора да ја вратат неизвесноста во серијата, во спротивно ќе бидат на еден пораз од елиминација.

Малку му недостасуваше на Брадата да ја надмине границата во вкупниот збир на поени, асистенции и скокови во претходните два меча, а сега е вистински момент да го стори тоа.

Предлог тип: Џ. Харден тотал поени+асистенции+скокови >48.5 (1.80)

 

Бостон бруинс – Колумбус блу џекетс (01:15 часот – Петти натпревар, полуфинале Исток. Серијата е 2-2)

Бостон направи брејк на гости кај Колумбус со победата од 4-1, па сега на домашен терен имаат добра шанса да поведат во серијата и да се најдат на чекор од пласман во конференциското финале. Но, Блу џекетс не престануваат да изненадуваат и добро се држат во оваа рунда. Како што победија во Масачусетс во вториот меч против Бруинс, сега целат на ист таков исход.

Она што е сигурно е дека голови нема да недостасуваат, во претходните четири меча Бостон и Колумбус само еднаш не постигнаа вкупно 5 гола.

Предлог тип: >5.5 (2.05)

 

Сан Хозе шаркс – Колорадо аваланш (04 часот – Петти натпревар, полуфинале Запад. Серијата е 2-2)

Како и што се очекуваше, оваа рунда меѓу Сан Хозе и Колорадо е потполно неизвесна. Двете екипи запишаа по една домашна и по една гостинска победа, така што е тешко да се предвиди кој би можел да биде победник во петтиот меч ноќеска.

Влогот е голем за двете екипи, а целта е конференциско полуфинале, па еден тим ќе биде чекор поблиску по овој дуел. Ефикасност не недостасува, а само во претходниот меч не се постигнаа повеќе од шест погодоци, дуелот кој го доби Колорадо со 3-0.

Предлог тип: X пол. (2.65)

 

Тигрес – Гвадалахара Чивас (02 часот – Прва лига Мексико, 17-то коло)

Тигрес остана без титула во Лигата на шампионите во Северна и Централна Америка, откако го загуби двомечот од Монтереј, па сега се фокусираат на домашниот шампионат. По 16 натпревари, Тигрес е на второто место со 34 бода, односно четири ода помалку од лидерот Леон, а против Гвадалахара имаат добра шанса да го стигнат бодовниот заостаток.

Првиот овосезонски дуел заврши во корист на Тигрес со минимални 1-0, додека Гвадалахара е аутсајдер и во овој дуел поради фактот што како гости немаат победено од 2010 година против Тигрес.

Предлог тип:  1 & 2-4 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести