Ждрепката за Ф4 е во вторник, а Вардар е втор фаворит за европската титула

Од четирите полуфиналисти, само Вардар успеа трета година во низа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Фанјл форот е предвиден за 1 и 2 јуни, а Келн повторно ќе биде обоен во црвено-црна боја.

Заедно со Вардар се Барселона, Кјелце и Веспрем, а само унгарскиот тим е без европска титула. Каталонците се фаворити за освојување на престижниот пехар, додека Вардар е втор фаворит да биде владетел на Европа. Интересно е што сите четири полуфиналисти се од групата А, додека екипите кои ќе се борат за пехарот се предводени од шпански стратези.

Ждрепката за полуфиналните парови е закажана за во вторник, а ќе се одржи во Германија. Ракометна Европа ќе добие нов владетел бидејќи актуелниот шампион Монпелје одамна отпадна од битката за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести