Гвардиола: Ние го повторивме истото од лани, но сега тука е и Ливерпул

Како што беше во поголем дел од сезоната, така е и во финишот. Манчестер сити и Ливерпул се во трка за титулата во Премиер лигата. Ливерпул е лидер со два бода повеќе, но Сити вечерва игра на свој терен против Лестер и со триумф ќе се искачи на лидерската позиција, и тоа во пресрет на последното коло од сезоната.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој освен во Премиер лигата, има освојувано титули и во Германија и Англија, вели дека ова е една од најтешките сезони за него.

„Според квалитетот, Премиер лигата е најсилна лига. Затоа е неверојатно убаво кога сте на врвот. Трофејот ќе го освои само една екипа, додека другата ќе си замине дома со празни раце. Ние го направивме истото од лани. Единствена разлика е тоа што сега тука е и Ливерпул. Минатата сезона ја освоивме титулата со 100 бодови, а сега имаме 92 бода и два меча за доигрување. Многу сум задоволен од моите играчи како ја одиграа сезоната“, рече Гвардиола.

Сити сезонава загуби четири пати во првенството, а еден од тие порази дојде токму од Лестер, кога „лисиците“ победија со 2-1 на свој терен. Сепак, сега ситуацијата е сосема поинаква и Сити е голем фаворит за победа. Овој меч е еден од најатрактивните во денешната понуда за обложување во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести