Барселона ќе ја менува формацијата, Кутињо ќе биде жртва

Барселона е асоцијација за клуб кој игра напаѓачки фудбал и главна цел е да се постигне гол повеќе од противникот. Сепак, на утрешниот реванш-меч против Ливерпул можно е каталонскиот гигант да не игра во стандардната 4-3-3 формација. Тоа е премногу офанзивна поставеност, па најавено е дека предноста од 3-0 Барселона ќе ја чува со формација 4-4-2.

Ваквата претпазливост кај тренерот Ернесто Валверде е по лекцијата која Барселона ја доби минатата година на реваншот против Рома. Римската волчица имаше негатива од 1-4, а на „Олимико“ успеа да направи изиенадување и победи со 3-0. Барселона тогаш играше 4-3-3, па домаќините успеаја да ги искористат празнините кои се појавија во гостинската одбрана.

Во една ваква ситуација, кога мора да се менува формацијата, „жртва“ ќе биде Филипе Кутињо. Бразилецот требаше да игра во нападот со Лионел Меси и Луис Суарес, но во една ваква ситуација ќе остане на клупата за резерви.

Според коефициентнте, Ливерпул е фаворит на реваншот. За тоа какви се шансите на двата тима, погледнете ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести