Дефинитивно: Салах нема да игра против Барселона

Мохамед Салах и дефинитивно нема да биде во составот на Ливерпул за утрешниот реванш против Барселона, потврди тренерот Јирген Клоп. Најдобриот играч на Ливерпул се повреди на дуелот против Њукасл, кога се судри со противничкиот голман и ја повреди главата.

Египѓанецот тогаш на носилки беше изненсен од теренот, но подоцна беше потврдено дека не се работи за посериозна повреда бидејќи не беше пренесен во болница, а Салах го догледал мечот во соблекувалната. Потоа, без никаква помош сам си заминал од стадионот.

Со неиграњето на Салах, само се зголемија проблемите на тренерот Клоп, кој претходно откри дека за овој меч нема да биде подготвен ниту Роберто Фирмино. Тоа значи дека двајца од тројцата стандардни напаѓачи нема да играат во реваншот, што само ја олеснува работата на Барселона, која има предност од 3-0 по првиот меч одигран на „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести