Гвардиола: Барса со Луис Енрике и овој Ливерпул – Моите најголеми ривали

Манчестер сити вечерва (21 часот) на „Етихад“ го пречекува Лестер во последниот меч од 37-мото коло во Премиер лигата. Актуелниот англиски првак има шанса повторно да се врати на врвот на табелата пред Ливерпул доколку ги освои трите бода против Лисиците, па во последниот ден од англискиот шампионат да се обиде да ја одбрани титулата.

Во пресрет на тој меч, Гвардиола беше прашан кои му биле најтешки ривали во тренерската кариера, а Шпанецот издвои две екипи. Тоа се Барселона во периодот кога Луис Енрике им беше тренер, како и овој состав на Ливерпул предводен од Јирген Клоп.

„Во мојата тренерска кариера сум се соочил со многу квалитетни екипи, но ниту една не може да се спореди со Барселона на Луис Енрике, која во нападот ги имаше Меси, Суарес и Нејмар. Сегашниот состав на Ливерпул е најблиску до тој квалитет“, истакна Гвардиола, а потоа додаде дека Премиер лигата е најтешката лига за освојување.

Во сезоната 2014/15, Гвардила како тренер на Баерн Минхен ја почувствува моќта на Барселона предводена од Енрике. Во рамките на полуфиналето во Лигата на шампионите Баерн беше елиминиран од Барса со вкупен резултат од 5-3 по двата меча, а Каталонците подоцна против Јувентус ја освоија европската титула.

Како менаџер на Манчестер сити, Гвардиола има претрпено три порази од Црвените од „Енфилд“, два се во ланското четвртфинале од Лигата на шампионите, како и еден во рамки од Премиер лигата со конечни 4-3.

- Оглас -

Најнови вести