Притисокот е врз Хјустон и Бостон

Откако завчера ги погодивме сите четири предлози со вкупна квота 25, синоќа за малку не се повтори тој успех, кај Демиен Лилард од Портланд трејлблејзерс фалеше еден кош од игра или два скока или асистенции за повторно да имаме 100 процентна успешност. Денеска на програмата нема само НБА, туку и два меча од Стенли купот во НХЛ-лигата.

Бостон селтикс – Милвоки бакс (01.00 часот)

Ова е меч да се биде или не за Селтикс кој губи со 1-2. Пораз ги остава во игра за пласман понатаму, пораз речиси сигурно ќе значи и елиминација. Бостон со добра одбрана и само 90 примени поени ја доби првата битка од оваа серија, а потоа Милвоки двапати по ред даваше по 123 поени и победуваше. Бостон ги загуби последните два меча дома против Бакс откако претходно победуваше шестпати едноподруго.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Хјустон рокетс – Голден стејт вориорс (03.30 часот)

На претходниот меч во Хјустон, кој Рокетс го доби по продолжение, во регуларните 48 минути паднаа 224 поени, исто колку и на вториот, и тоа се најефикасни дуели во оваа серија. Вечерва домашните повторно се под притисок дека мора да победат, ќе мора да заиграат поагресивно, но тоа важи и за Голден стејт, кој ќе биде мотивиран да поведе 3-1 и да дојде на прагот на западното финале.

Предлог тип: <220.50 (1.90)

 

Колумбус блу џекетс – Бостон бруинс (01.00 часот)

Во Колумбус се сигурни дека ќе победат пред своја публика и ќе изедначат на 3-3, па мајсторка во Бостон ќе го одлучи патникот во следната фаза. Сепак, Бостон е екипата која во налет, со по 4 дадени голови ги доби последните два меѓусебни меча и негативата од 1-2 ја претвори во водство од 3-2.

Предлог тип: 2 (2.65)

 

Колорадо авеланш – Сан Хозе шаркс (04.00 часот)

Ако продолжат да одат по ред, Колорадо ќе го добие овој натпревар. Сан Хозе поведуваше со 1-0 и 2-1, сега води 3-2, а „лавината“ успеваше да изедначува на 1-1 и 2-2, сега ќе се обиде и по трети пат да воспостави рамнотежа, и да се избори за мајсторка. „Ајкулите“ не се без шанси, но тие се специјалисти за драматични серии, па и овојпат како во првото коло кога се спасија од пораз, можеби ќе треба да играат мајсторка.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Андре Игудала (Хјустон рокетс – Голден стејт, 04.30 часот)

Одлуката на тренерот Стив Кер да го стави искусниот Андре Игудала во првата петорка на Голден стејт, се покажа како добар потег. Игудала игра одлично во одбрана, а прилично е ефикасен и во нападот. На првиот меч даде 14, на вториот и третиот по 16 поени. Ако продолжи во ист ритам, нема дилеми дека ќе ја надмине границата од 11 поени.

Предлог тип: > 10.5 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести