Поранешниот олимписки првак во скијање, Боде Милер и сопругата Морган станаа родители на машко дете кое се роди во петокот, на помалку од четири месеци по трагичниот настан кога 19-месечната ќерка им се удави во базен во двор кај соседите.
Милер, кој има 40 години, и девет години помладата Морган (одбојкарка на песок) повторно имаат три заеднички деца, а поранешниот скијачот има две деца и од претходни врски.
На деветти јуни, ќерката Ејми беше 30 секунди пред да ја извдат од базенот, лекарите цел ден се обидуваа да ја спасат, но не успеаја. Во тоа време, Морган Милер беше трудна и сега на петти октомври роди машко дете, чие име не е објавено.