Гвардиола: Знам дека сите навивате Ливерпул да биде првак, но жал ми е

Ливерпул речиси 30 години чека да биде првак на Англија, но сѐ поизвесно е дека ќе мора да почека уште една сезона. Тоа е така бидејќи Манчестер сити е лидер во Премиер лигата, каде што останува да се игра само уште едно коло. „Граѓаните“ синоќа минимално со 1-0 го победија Лестер и стигнаа до 95 бодови, еден повеќе од Ливерпул, кој е втор со 94 бода.

По мечот, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, ги нападна англиските медиуми.

„Знам дека сите сакате Ливерпул да биде првак, но жал ми е. Сѐ е во наши раце. Ливерпул во последното коло може да игра без притисок бидејќи не одлучува сам за себе. Нас ќе ни биде многу тешко во Брајтон, бидејќи тоа е многу добар тим. Сепак, како што не се предадовме кога заостанувавме седум бодови, нема да се предадеме и сега. Против Лестер одигравме неверојатно добро. Жал ми е, но многу сме добри“, рече Гвардиола карајќи ги англиските медиуми.

КОМПАНИ ЦЕЛИ 12 ГОДИНИ НЕМАШЕ ДАДЕНО ГОЛ НАДВОР ОД ШЕСНАЕСЕТНИКОТ

Навивачите на Ливерпул беа многу разочарани, посебно од начинот на којшто победи Сити. Компани даде еврогол од 30 метри. За дефанзивецот на Сити ова е само 20-ти погодок за клубот во кој игра 11 сезони. Интересно е што цели 12 години се поминати од тоа кога Компани немаше дадено погодок со удар надвор од шеснаесетникот.

Ваквите факти, според навивачите на Ливерпул, значи само едно, а тоа е дека нивниот омилен тим е проколнат. Ливерпул последната титула ја освои во 1990 година и речиси три децении чека за нова таква радост.

„Кога Компани ќе даде гол од 30 метри, тогаш знаеш дека си проколнат“

https://twitter.com/Robish13/status/1125497549819981827

- Оглас -

Најнови вести