Џејдон Санчо – Тинејџерот со највисока вредност во Европа

Според последните информации на CIES (Интернационалниот центар за спортски студии), Џејдон Санчо, младиот член на Борусија Дортмунд, е највреден фудбалер во Европа. Неговата цена се проценува на 150 милиони евра, односно повеќе од двојно од вториот најскап тинејџер на Стариот Континент, Матео Гендузи од Арсенал, кој вреди 70 милиони евра на трансфер-пазарот.

Во топ 3 се најде Николо Ѕаниоло. Младата ѕвезда на Рома се проценува на 67 милиони евра, додека уште четворица фудбалери родени по 1 јануари 1999 година во овие моменти вредат повеќе од 50 милиони евра. Тоа се Кај Хаверц од Баер Леверкузен (64,3 милиони евра), Деклан Рајс од Вест хем (64,2 милиони евра), Џанлуиџи Донарума од Милан (59,4 милиони евра) и Винисиус јуниор од Реал Мадрид (55 милиони евра).

Меѓу најдобрите 50 тинејџери кои се најдоа на оваа ранг-листа, најголем број од нив доаѓаат од Франција (13), што е само потврда на вложениот труд во фудбалските школи од земјата на светскиот шампион. Од Англија дури деветмина играчи се најдоа меѓу 50-те најскапи тинејџери во Европа.

Иако се чини дека 150 милиони евра се премногу за фудбалер кој има само 19 години, според тоа како игра Санчо во дресот на Милионерите оваа сезона, сосема ја оправдува сумата. Во 32 меча во Бундеслигата реализира 11 погодоци, додека со 17 асистенции е прв разигрувач во германскиот шампионат.

Тимот од „Сигнал Идуна парк“ во иднина ќе оствари невиден профит со негова продажба бидејќи како што тргнала работава, Санчо за брзо време ќе облече дрес на секој европски гигант. Како средношколец се пресели во Дортмунд од редовите на Манчестер сити за сума „само“ од 9 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести