Стојан Ѓуроски претставен како ѕвездено засилување во Мелилја (Видео)

Шпанскиот второлигаш Мелилја е новиот клуб на македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски. Гостиварското крило сезонава играше за Уеска, со која не обезбеди плејоф во второлигашката конкуренција во Шпанија, па се пресели во редовите на Мелилја, која беше петта во регуларната сезона и ќе разигрува за влез во АЦБ-лигата.

Дебито во дресот на Мелилја се очекува да го има задутре, од 21.30 часот против Валјадолид. Ѓуроски дома има играно за Блокотехна, Карпош Соколи, МЗТ Скопје, Кожув и Работнички, а во странство за Левски и за Универзитетот Лујзијана тек во САД.

Како играч на Уеска, која беше десетта во втората шпанска лига, 27-годишниот Стојан имаше просек од 14,4 поени по натпревар, со 41 отсто реализација на шутевите за три поени.

Ова е клипот со кој Мелилја го претстави своето засилување:

https://twitter.com/i/status/1125730397340540928

- Оглас -

Најнови вести