Отпишаните се вратија како херои – Ливерпул ја декласира Барселона за финале во ЛШ

Ливерпул приреди уникатен подвиг и со блескава победа од 4-0 ја елиминираше Барселона и нејзината позитива од 3-0 од првиот меч и пак ќе игра финале во Лигата на шампионите.

Херои се тајните адути на Јирген Клоп, Дивок Ориги и Џорџињо Вајналдум, кои постигнаа по два гола, а Ливерпул го повтори подвигот од Истанбул, кога во финалето против Милан за едно полувреме анулираше минус од 3 гола и ја освои титулата.

Реваншот почна како по ноти за Ливерпул, а Ориги, кој играше како замена за повредениот Роберто Фирмињо, успеа да даде гол во седмата минута.

Тоа беше и резултат по првиот дел, а потоа следеше фуриозна игра на отпишаните на „Енфилд роуд“. Џорџињо Вајналдум постигна два брзи гола за две минути, се тресеа трибините на легендарниот стадион во Ливерпул, а работата ја доврши Ориги со уште еден погодок во 79-тата минута.

Барселона е на колена, повторно е елиминирана откако имаше три гола предност од првиот меч, како и лани против Рома.

- Оглас -

Најнови вести