Клоп: Најдобриот меч во тренерската кариера – Валверде не знае што го снашло

Еден од најголемите пресврти во историјата на Лигата на шампионите се случи вечерва на „Енфилд роуд“. Ливерпул со 4-0 ја победи Барселона и на тој начин ја анулираше негативата од 0-3 по првиот дуел на „Камп ноу“, па англискиот гигант се пласираше во финалето на Лигата на шампионите.

Јирген Клоп, тренерот на домаќините, е пресреќен, а има и зошто.

„Пред мечот не верував дека ова е можно. Уште не знам како момците успеаја да го направат ова. Ја победивме една од најсилните екипи во светот и не примивме гол. Покажавме дека во фудбалот сѐ е можно. Сум водел многу тимови во мојата тренерска кариера, но не се сеќавам на олку добра игра на моите играчи“, рече Клоп веднаш по мечот.

За разлика од стратегот на Ливерпул, кој е пресреќен, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, не може да верува дека каталонскиот гигант е елиминиран.

„Уште се обидуваме меѓусебе да објасниме што се случи. Ливерпул од стартот тргна жестоко, но тоа и го очекувавме. Ни дадоа гол, а потоа ние тргнавме во напад. Вториот гол беше болен за нас. Тие беа многу агресивни и тоа нѐ уништи. Јас како тренер морам да преземам одговорност“, рече Валверде.

- Оглас -

Најнови вести