Идилата на Јирген Клоп во елиминациски двомечи продолжува. Германскиот стручњак откако седна клупата на Ливерпул, во еврокуповите никогаш не бил елиминиран кога се играло дома-гости. „Црвените“ со Клоп имаат три финалиња во четири години.
Но, проблемот е што Клоп е мајстор и за губење на финалиња. Со Борусија Дортмунд загуби финале во Лигата на шампионите 2013 година, а со Ливерпул ги губеше финалињата во Лигата на Европа во 2016 против Севилја и 2018 во ЛШ од Реал Мадрид. И од Севилја и од Реал губеше со по 1-3, но на 1 јуни во Мадрид против Тотенхем или Ајакс има одлична шанса да го прекине малерот.
Вечерва ќе биде познат и вториот финалист. Ајакс на свој терен го пречекува Тотенхем, а тимот од Амстердам има предност од 1-0 по првиот меч во Лондон.