По поразот од Ливерпул, екипата на Барселона без Лионел Меси си замина кон аеродромот. Аргентинецот беше избран да даде урина и крв за допинг-контролата, но имаше проблем да даде примерок од урината и затоа автобусот на аеродром замина без Меси. Главната ѕвезда на Каталонците со посебен приватен превоз, со полициска придружба беше префрлен до аеродромот, па така тој не задоцни на летот.
Меси по првиот меч беше пријателски расположен, се ракуваше со сите играчи на Ливерпул, со тренерите, се сликаше со обожуватели, а синоќа покажа дека е лош губитник и освен тоа што речиси никому не му честиташе, набрзина замина во соблекувалната и не сакаше ниту да даде изјава за медиумите. Само Суарес и Бускетс се охрабрија да кажат нешто.
Меси, кој засега е фаворит за освојување на наградата играч на годината, имаше дури 17 загубени топки, имаше само 35 прецизни додавања, но во една стастистичка категорија беше најдобар, а тоа е шутеви кон противничкиот гол. Меси на гостувањата во полуфиналињата на ЛШ има дадено само два гола, и тоа двата во 2011 година.