Како момчето што ги додава топките стана херој на „Енфилд“ (Видео)

Уште долго време ќе се памти и раскажува победата на Ливерпул против Барселона од 4-0 во полуфиналето од Лигата на шампионите. Со тој триумф, англискиот гигант ја надополни негативата од 3-0 на првата средба на „Камп ноу“ и се пласираше во финалето од елитното натпреварување на УЕФА.

Дивок Ориги погоди по неверојатната асистенција на Александер-Арнолд од корнер, погоди за 4-0. По овој гол, сите се восхитуваат на инстиктивната реакција на Александер-Арнолд, кој маестрално забележа дека Ориги е осамен и го изведе корнерот.

Сепак, снимката покажува дека на „Енфилд“ во тој момент имаше уште еден херој. Тоа е момчето кое стои позади голот и е задолжено да ги собира топките кога ќе излезат од теренот. Оукли Канониер е 14-годишното момче кое веднаш му ја додаде топката на Александер-Арнолд, па играчите на Барселона немаа време да се наместат во одбраната. Останатото е историја, која долго време ќе се памти на „Енфилд роуд“.

https://twitter.com/i/status/1125877164539355136

- Оглас -

Најнови вести