Атмосферата која беше на „Енфилд роуд“ може да биде само лекција за сите фанови како треба да се бодри својот клуб, и тоа во ситуација кога треба да се стигне негатива од три гола. По завршување на дуелот и победата од 4-0 на Ливерпул против Барселона, се случи вистинска експлозија од радост на трибините.
Погледнете како изгледаше „Енфилд роуд“ во тие моменти, а посебно магично е од 2:50 минута, кога започнува да се пее легендарната химна на клубот.