Барселона доживеа вистинско фијаско вчера против Ливерпул, не успеа да ја одбрани огромната предност од 3-0 и е елиминирана од Ливерпул, но се најде и нешто позитивно во поразот од 0-4.
Каталонците ќе заштедат околу 5,2 милиони евра што нема да м у ги платат на Ливерпул. Таков беше договорот, односно анексот за бонус за Бразилецот Кутињо ако тој игра во финалето за Каталонците.
Парите беа подготвени по првиот меч, но Ливерпул одигра неверојатен реванш-меч, ја декласира Барселона со 4-0, па парите нема да пристигнат на „Енфилд роуд“.
Англичаните со својот познат смисол за хумот велат „Парите ќе ѝ останат на Барселона, а титулата од ЛШ ќе дојде во Ливерпул“.