Менаџерот на Ливерпул, германскиот стручњак Јирген Клоп, му посакал на Ајнтрахт да го елиминира Челзи и да се пласира во финалето на Лигата на Европа. Според тренерот Ади Хитер, Клоп посакува тимот од неговата татковина да биде поуспешен од тимот од земјата во која живее, работи и заработува пари.
Ајнтрахт дома одигра 1-1 против лондонските „сини“, па вечерва на реваншот на „Стемфорд бриџ“, кој почнува во 21 часот, ќе се обиде да приреди изненадување.
„Му честитав на колегата Клоп за пласманот во финалето на Лигата на шампионите, а и тој ни посака среќа и успех во полуфиналето со Челзи. Сè е можно во фудбалот. Кога си стигнал толку далеку, се разбира дека сакаш да играш и финале“, изјави тренерот на Ајнтрахт.