Вардар и Металург се финалистите во овогодишниот ракометен турнир во Купот на Македонија. Актуелниот бранител на трофејот Вардар, во полуфиналната пресметка против Еурофарм Работник славеше со 35-30, па така Црвено-црните ќе имаат шанса да бидат првиот тим што освои шест последователни куп-титули.
Металург пак, претходно во првото полуфинале кое се одигра во Куманово, беше подобар од Бутел со конечни 34-31. Тимот од Автокоманда од 2013 година ја чека шестата титула од ова натпреварување во својата историја.
Финалето од 27-то издание е закажано за утре со почеток од 20 часот, дуелот ќе се игра во салата „Куманово“ во Куманово.