Хабиб Нурмагомедов е новиот национален херој во Дагестан. Еуфоријата по победата над Конор Мекгрегор во лесна категорија не стивнува. Нурмагомедов синоќа беше пречекан од илјадници фанови на локалниот стадион во Махачкала на кој игра тимот на Анжи.
Непобедливиот шампион стигна до 27 победа во низа, откако со „гушење“ го победи Мекгрегор и на тој начин го задржа појасот наменет за најдобриот. По победата, Хабиб направи непромислен потег откако скокна од рингот и почна да се тепа со дел од членовите во таборот на Ирецот. Сега, откако работата е смирена, Хабиб се извини за својата постапка.
„Се надевам дека никого не повредив со тоа што го направив по борбата. Се обидов да се воздржам, но не успеав“, рече Хабиб пред целата публика, а потоа високо го крена шампионскиот појас, што наиде на овации на трибините. „Се молев на Бога само за тоа да ме остави насамо во кафезот со кловнот. Се молев да останеме неповредени, да го поминеме мерењето како што треба и на крајот да останеме затворени во кафезот само јас и тој“, додаде шампионот во УФЦ во лесна категорија.
Погледнете како изгледаше пречекот на Хабиб Нурмагомедов на стадионот.