Пат од 4.600 километри, немање директни летови, мизерен број на билети и опасност од тероризам, се проблемите со кои се соочуваат Арсенал и Челзи пред финалето на Лига на Европа, закажано за 29 мај во Баку, Азербејџан. Од „Стемфорд бриџ“ до „Емирејтс“ има 17 километри, а сега навивачите ќе мора преку заобиколни патишта да стигнат до Азербејџан.
Директна авионска врска од Лондон до Баку нема, па фановите ќе мора да одат прво до Киев или Истанбул, да преспијат таму, па да заминат за Баку. Патување со автомобил е исцрпувачко, пресметано е дека со кола од Лондон до Баку треба 59 часови возење и тоа без пауза и без заобиколување на деловите од Украина кои не се безбедни. Со воз, патувањето би траело четири дена и би се поминало низ седум земји.
Има и една опција за директен лет, но така во Баку би се стигнало на четири дена пред мечот, а заминувањето е три дена после финалето.
УЕФА објасни дека на двата клуба финалисти во ЛЕ им дала само по 6.000 билети (стадионот има 68.700 седишта), бидејќи во минатото многу навивачи кои добивале карти, а не дошле на стадион. Плус тоа, на фановите им требаат и визи, па трошоците ќе бидат големи за сите кои ќе се решат да го гледаат дуелот во живо. И свестувачките капацитети во Баку се земени во предвид при одредување на бројката на билети за англиските навивачи.