Гвардиола со интересна забрана за своите помошници

Крајниот епилог во Премиер лигата ќе се знае по денешното, последно коло. За титулата уште се борат Манчестер сити и Ливерпул, а актуелниот англиски првак е во пол-позиција да го одбрани шампионскиот статус. Во пресрет на 38-то коло, Сити е на врвот на табелата со 95 бода, Ливерпул има еден бод помалку.

За Граѓаните да стигнат до нова титула, потребно е да го совладаат Брајтон, додека за Ливерпул  да биде шампион, ќе треба на „Енфилд“ да слават против Вулверхемтон и да се надеваат на изненадување на дуелот Брајтон – Манчестер сити.

Сцената е подготвена, исто како и главните актери за денес, а посебна „тактика“ испланира и Пеп Гвардиола. Имено, тој им забранил на своите помошници да прават едно нешто во текот на дуелот со Брајтон. Артета, Кид и Борел не смеат да го проверуваат резултатот од средбата меѓу Ливерпул и Вулверхемптон. Шпанецот смета дека така ќе се загуби концентрацијата, така што нема потреба да го знаат исходот од тој меч.

Сити судбината ја држи во своите раце. И минимален триумф од 1-0 ќе биде доволен за тимот од Манчестер да ја одбрани титулата.

Цело 38-мо коло започнува во 16 часот.

- Оглас -

Најнови вести