Првпат во конференциско финале во НБА ќе играат брат против брат

Пресметката на Голден стејт вориорс и Портланд трејблејзерс во финалето на Западната конференција во НБА лигата, ќе биде историско, бидејќи за првпат во постоењето на лигата, во едно конференциско финале еден против друг ќе се сретнат двајца родени браќа.

Историјата е испишана благодарение на Стеф и Сет Кари. Стеф е предводник на Вориорс и еден од најдобрите шутери во НБА, просекот му е 24,3 поени, а Сет кој летоска од Далас дојде во Блејзерс, сезонава има споредна улога во екипата на Портланд и за помалку од 20 минути по меч, има просек од 5,4 поени по натпревар.

Првиот братски финален дуел е закажан за ноќта помеѓу вторник и среда, а средбата се игра во Оукленд со почеток во 3 часот наутро по средноевропско време.

- Оглас -

Најнови вести