Бобан Јакимовиќ со 117 поени во 17-те кола е најуспешниот прогнозер во оваа сезона од Спортската прогноза на Спорт Манија. Тој го освои првото место во генералниот пласман и покажа дека покрај знаењето и претчувството, и константноста во играњето му се исплатеше. За триумфот во генералниот пласман, Бобан ќе ја добие главната награда, електричен тротинет MI . Бобан првото место го запечати со 11 погодени од 15-те парови во последното коло.
Вицешампионското место е за Даре Крстев. Тој собра вкупно 111 поени. И тој беше редовен, се држеше при врвот и заслужено добива награда велосипед Capriolo Passion men.
За прогнозерите кои се најдоа од трето до петто место (Илија Петковски, Ристо Беќаров и Трајче Ангелов), наградата е ваучер од 1.000 денари од Sport Life.
Добитниците на наградите наскоро ќе бидат контактирани.