Мајк Дин е еден од најпознатите главни арбитри во Премиер лигата. Во својата судиска кариера правдата ја делел на повеќе од 700 натпревари, а од неодамна стана првиот судија во Премиер лигата кој доделил 100 црвени картони.
Дин вчера присуствуваше на фудбалски меч од понискиот ранг во Англија, но не како судија, туку како навивач. Имено, тој е страствен поддржувач на четвртолигашот Транмере, а по ремито во вториот меч против Форест Грин, екипата за која навива славниот судија се пласира во финалето од плејофот за пласман во третата англиска лига, или како што е позната на тамошните простори, Лига 1.
Транмере точно за 11 дена (на 25 мај) ќе игра на „Вембли“ против Њупорт за пласман во Лига 1, а тоа беше доволна причина за Дин да почне да збеснува на трибините како „ултрас“. Неговото славење за брзо стана хит на социјалните мрежи.