Две сезони во низа: Пеп Гвардиола е најдобриот менаџер во Премиер лигата

Пеп Гвардиола одново е избран за менаџер на сезоната во Премиер лигата. Шпанскиот стратег втора година во низа го добива ова признание, откако го однесе Манчестер сити до нова титула во англискиот шампионат, односно успеа да го одбрани тронот.

Во конкуренција со Јирген Клоп, Маурисио Покетино и Нуно Еспирито Санто, Гвардиола доби повеќе гласови и сосема заслужено ја зеде наградата поради успехот кој го оствари со Граѓаните.

„Чест ми е што повторно ја добив оваа награда. Сакам да ја посветам на моите играчи, тие се артистите на секој успех на овој тим. Исто така, оваа награда е за мојот стручен штаб, кои одлично си ја вршеа работата во текот на целата сезона“, истакна Гвардиола.

Инаку, Пеп е само трет менаџер во историјата на Премиер лигата кој успеал со својот тим да ја одбрани титулата во Англија. Претходно тоа им успеа само на Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести