Реал ќе прави досега невидена „чистка“

Реал Мадрид ја завршува една од најлошите сезони во последните години. Кралскиот тим не освои ниту еден трофеј, но затоа го врати Зинедин Зидан на тренерската функција. Како што најави францускиот стратег, во летниот преоден рок ќе има неверојатна „чистка“ во екипата. Планирано е да си заминат 13-мина фудбалери, а четворица се неизвесни дали ќе останат на „Сантијаго Бернабеу“.

На листата за заминување се: Навас, Регилон, Валјеро, Ернандес, Себалјос, Џејмс, Одегард, Љоренте, Ковачиќ, Оскар, Бејл, Мајорал и Раул де Томас. Можно е да си заминат и Брахим, Иско, Васкез и Маријано.

Освен долгата листа на играчи кои ќе си одат, во Реал Мадрид има и долг список на фудбалери кои ги посакуваат во летниот преоден рок. Доведувањето на Еден Азар од Челзи е веќе завршена работа, а се надеваат дека ќе ги потпишат и Пјаниќ, Погба, Јовиќ и Ериксен.

Во Мадрид дефинитивно ќе има жешко лето, а Зидан ќе треба многу да работи за повторно да создаде тим кој ќе победува и ќе биде конурентен за освојување трофеи.

- Оглас -

Најнови вести