Изгор цени во Мадрид за Англичаните – Апартман за четворица се изнајмува за 20 илјади евра

Симпатизерите на Ливерпул и на Тотенхем ќе имаат големи маки за да обезбедат престој во Мадрид за финалето во Лигата на шампионите закажано за 1 јуни на „Ванда Метроплитано“.

Според информациите на британските медиуми, цените во дел од хотелите во главниот шпански град оддеднаш скокнаа за неверојатни 2000 посто.

„Во хотел блиску до познатите булевари во реонот ни Саламанка цените се покачени за неверојатни 2000 проценти. Во нормални околности цената за двајца во еден од хотелите беше околу 500 евра, а сега е околу 10 илјади евра за една ноќ. Или за четворица ќе чини цело богатство од околу 20 илјади евра“, објавија британските медиуми.

Навивачите на Ливерпул и на Тотенхем веќе почнаа да се жалат на социјалните мрежи на високите цени за сместување, што ја потврдува приказната на медиумите.

Проблем за нив се и цените на авионските билети, бидејќи ретко кој има резервирано од претходно, па и тука ќе треба да се платат солени цени за лет до Мадрид.

Финалето ќе се игра на 1 јуни, од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести