Лацио го освои Купот на Италија, а непријатна епизода пред финалето против Аталанта синоќа во Рим имаше поранешниот фудбалер на „лацијалите“, Синиша Михајловиќ.
Сегашниот тренер на Болоња беше провоциран од дел од навивачите на римскиот клуб, па бесниот Михајловиќ тргна да се пресмета со нив, но беше спречен од полицијата.
Не дојде до поголем инцидент, а причината за кавгата е непозната. Михајловиќ играше за Лацио од 1998 до 2004 година и има најмногу мечеви за овој клуб, вкупно 126, од сите 7 за кои настапуваше во успешната фудбалска кариера.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=31&v=DUaFSPjW2nM