Сандерленд се пласираше во финалето на плејофот за пополнување на англиската Шампионат лига (втора лига по квалитет на Островот зад Премиер лигата) откако по домашната победа од 1-0, синоќа одигра 0-0 на гостувањето кај Портсмут. Гостите имаа причина за радост бидејќи ќе играат на „Вембли“ во обид да се пласираат во Шампионат лигата, но и бидејќи успешно пребродија едно непријатно гостување на југот на Англија.
Навивачите на Портсмут се познати како едни од најдобрите во Англија, а синоќа еден од нив претера и се чини дека двапати го удри гостинскиот играч Лук О`Најен. Тој по дуел со играч на „помпеите“, се најде во првите редови од трибините, кои се многу блиску до теренот и откако падна меѓу домашните фанови, беше удиран со нога.
Овој потег предизвика осуда во Англија и веројатно против навивачот, откако ќе биде идентификуван, ќе се покрене постапка и ќе си сноси одговорност за направеното.
https://twitter.com/i/status/1129116949412294656