Партизан резервирал хотел во Ниш, а финалето на Купот во Белград

Љубителите на фудбалот во Србија ги интересира каде ќе се игра финалето на Купот помеѓу вечните ривали Црвена ѕвезда и Партизан, а како што стојат работите, изгледа одлуката ќе падне на Белград, иако претходно се пласираше да се игра во Ниш. Финалето е закажано за 23 мај, а каде, треба да одлучи натпреварувачката комисија на ФСС.

Интересно е што генералниот секретар на „црно-белите“, Милош Вазура, кажа дека Партизан веќе имал резервирано хотел во Ниш, па веројатно ќе треба да ја откажат резервацијата. Лошиот терен на стадионот „Чаир“ и безбедносните ризици се проблем во Ниш, па затоа е премислувањето.

Во Партизан немаат ништо против да се игра во Ниш, каде што гостуваа пред некој ден во полуфиналето, додека од Ѕвезда го преферираат Белград. Ако се игра во Белград, со ждрепка ќе се решава на кој стадион ќе се игра.

- Оглас -

Најнови вести