Реми во Минхен им одговара и на Баерн и на Ајнтрахт

Баерн Минхен – Ајнтрахт Франкфурт (Сабота, 15.30 часот)

Типувам дека мечот во Минхен ќе заврши без победник, а ремито им одговара на двете екипи. Баерн ќе ја освои титулата со нерешен резултат, а Ајнтрахт ќе си осигура настап во европските купови.

Баерн има голема предност со многу подобра гол-разлика од Борусија Дортмунд, па и бод ќе го остави на врвот и по последното коло.

Иако немаат одиграно реми на последните шест меѓусебни дуели, денеска очекувам нерешен резултат во Минхен.

Предлог тип: Х (6.00)

 

Фрајбург – Нирнберг (Сабота, 15.30 часот) 

Нирнберг е веќе испаднат во Втора лига и се што може да направи денеска е да победи за да го избегне последното место.

Сепак мислам дека владее апатија во таборот на Нирнберг, последното место за нив е неуспех, па полека треба да се подготвуваат за настап во популарната Цвајта.

Фрајбург успеа да обезбеди опстанок во Бундеслигата, но игра многу лошо во финишот на сезоната и нема победа на 8 меча по ред. Сега играат против слаб противник, последен меч им е пред своја публика и време е да бидат ефикасни и да ја прекинат црната серија.

Предлог тип: Т1 2+ (1.62)

 

Херта – Баер Леверкузен (Сабота, 15.30 часот)

И Херта е во слична позиција како Фрајбург, игра скромно во последниот дел од сезоната што предизвика пад на табелата. Имаа 7 меча без победа, од нив пет порази по ред, а малку се консолидираа со успешни настапи во претходните две рунди.

Домаќините немаат амбиции, не успеаја да ја остварат целта и да играат во еврокуповите, па ќе сакаат пред своите гледачи да се рехабилитираат со завршна победа против Баер.

Сепак, според мене гостите се фаворити, имаат голема шанса со триумф да обезбедат настап во Лигата на шампионите, што би бил успех за Баер. Непоразени се во последните пет кола и очекувам во тој стил, односно со победа да ја завршат сезоната во Бундеслигата.

Предлог тип: 2 (1.61) Супер тип Sport Life

 

Фортуна Диселдорф – Хановер (Сабота, 15.30 часот)

Фортуна ме изненади со добри игри во Бундеслигата и заслужено се избори за настап во елитното германско натпреварување и за следната сезона.

Мојот поранешен тренер Фридхелм Функел одлично ја одработи сезоната на кормилото на Фортуна, а очекувам денеска да се радува на нови бодови.

Хановер испадна и може дури да го заврши настапот во Бундеслигата без гостинска победа.

Предлог тип: Т1 2+ (1.34)

 

Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Двете екипи немаат простор за калкулации, а влогот е голем. Борусија Дортмунд ќе се надева на нова добра партија сезонава на Ајнтрахт и изненадување во Минхен, со што би имале можност со победа на „Борусија Парк“ да ја освојат титулата.

Домашниот тим треба да победи за да има сигурно учество во Лигата на шампионите, а во мртвата трка со Баер Леверкузен може да одлучува и гол-разликата.

Очекувам голови во двете мрежи и најмалку 3+, а мала предност според мене имаат гостите од Дортмунд.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.50)

 

- Оглас -

Најнови вести