Рафа Надал во 118-то финале во кариерата

Рафаел Надал го победи Стефанос Циципас со 6-3, 6-4 во полуфиналето на Мастерсот во Рим, и се најде во финалето во кое ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ или Диего Шварцман. Надал досега 11 пати бил во полуфинале во Рим и секогаш победувал, а во финалињата билансот му е 8-2.

За шпанскиот тенисер, ова е 118-то АТП финале во кариерата, 50-то на турнири од Мастерс 1000 серијата, 11-то по ред во Рим, а една победа го дели од деветта титула во „вечниот град“. За Надал, ова е прво финале во 2019 на турнир кој се игра на неговата омилена земјена подлога.

- Оглас -

Најнови вести