Мартин Мантовани доминираше на теренот на прошталниот натпревар на Уеска во Ла Лига против Леганес и постигна несекојдневен хет-трик.
Ветеранот на 34-годишна возраст влезе во игра како резерва по половина час игра и прво што направи ја затресе сопствената мрежа.
Но, потоа се разигра и иако е дефанзивец двапати со удари со глава ја затресе мрежата на Леганес за комплетен пресврт и победничко простување од елитната шпанска лига.
Уеска ја играше историската прва сезона во Ла Лига и со победата во последното коло против Леганес успеа да го избегне последното место, но не и враќањето во популарната Сегунда.
Фенерот им остана на играчите на Рајо Валјекано и на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, а со овие два состави кои по една година во Ла Лига се враќаат назад во Втората шпанска лига, во понизок ранг се сели и Жирона.