Две радости за кошаркарската секција на Реал Мадрид во текот на денешниот ден

Поразот од ЦСКА Москва во синоќешното финале, денеска само делумно е ублажен кај навивачите на Реал Мадрид, откако „кралскиот клуб“ го освои јуниорскиот фајнал-фор, а сениорите го совладаа Фенербахче во мечот за трето место. Реал европската круна ќе му се препушти на ЦСКА или на Анадолу Ефес.

Најдобар поединец во утрешниот меч беше центарот Густаво Ајон со 23 поени и 11 скока. Мексиканецот против ЦСКА беше еден од најслабите и веројатно Реал летово ќе купи нов центар како замена за Ајон. Факумдо Кампацо имаше дури 15 асистенции, и истотака даде голем придонес во победата која не ги израдува белите којзнае колку многу.

Младата екипа на Реал, за играчи до 18 години, во финалето на јуниорскиот финален турнир, убедливо ја совлада српска Мега Бемакс со 95-76 и покажа дека барем во оваа конкуренција, младите Шпанци се број 1 на стариот континент.

- Оглас -

Најнови вести