Пеп е мултиталент: Игра, пее, освојува тројни круни (видео)

Манчестер вчера беше обоен во светлосина боја, шампионската парада и забава на Сити низ градот траеше цел ден и до раните утрински часови. Како машкиот така и женскиот тим на Граѓаните пред своите фанови ги истакнаа освоените титули во изминатава сезона, а на крајот прославата беше одбележана со концерт.

Токму менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, беше ѕвезда на вечерта. Тој се појави на бина со еден од бендовите кои настапија, па им се приклучи во хорот. Пеп покажа дека е мултиталент. Не го бива само за освојување трофеи, туку и за играње и пеење.

Инаку, за првпат во историјата на англискиот фудбал еден тим успеа во една сезона да ги освои трите домашни трофеи – Премиер лигата, Лига купот на Англија и ФА купот. Па, јасно е зошто Гвардиола е дорбо расположен.

https://twitter.com/MrsNataliePav/status/1130583787669270528

- Оглас -

Најнови вести