Партизан уште еднаш го одбрани трофејот во Купот на Србија. „Црно-белите“ овојпат славеа на стадионот „Рајко Митиќ“ против својот најголем ривал Црвена Ѕвезда. Бојан Остојиќ со удар со глава уште во 14 минута успеа да донесе радост за актуелниот бранител на трофејот во Купот на Србија.
Црвена Ѕвезда беше голем фаворит, но во текот на сите 90 минути речиси и да не создаде вистинска шанса за погодок, па не успеа да го прекине малерот и по повеќе од 10 години да стигне до двојна круна.