Пике: Кошмарот од Енфилд уште долго ќе нè прогонува

Централниот дефанзивец и еден од лидерите на Барселона, Жерард Пике, во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, рече дека уште не можат да го заборават поразот од 0-4 од Ливерпул и оти тој „кошмар од Енфилд“ уште долго ќе ги прогонува каталонците.

„Првиот гол го примивме многу рано и на сите почна да ни се враќа филмот од ланскиот пораз во Рим. Вториот и третиот паднаа брзо еден по друг, и сличноста со поразот од Рома веќе беше огромна. Имавме ментална блокада, ништо не ни одеше. Ливерпул силно притискаше, и публиката си ја одигра својата улога. Поминаа доста денови, но не е лесно да се заборави таков пораз“ – изјави Пике.

Пике кажа и што мисли дека ќе се случи со Барса кога еден ден ќе остане без Лионел Меси.

„Кога Лео ќе го напушти тимот, тоа ќе биде страдање, тврдам со целосна сигурност. Видовте што се случи со Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано. Зависи како клубот ќе се адаптира на промената и колку време ќе му треба да се врати на својот пат.

- Оглас -

Најнови вести