Кире Лазаров дефинитивно одлучи каде ќе ја заврши кариерата

„Кариерата ќе ја завршам во Нант, тоа е сигурно“ – вели еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Кирил Лазаров, во интервју за „Независне новине“. Лазаров кој има 39 години, и освои повеќе од 50 трофеи, а за репрезентацијата на Македонија игра повеќе од 20 години, и по завршувањето на играчката кариера планира да остане во ракометот, но уште не одлучил во какво својство.

„Добро се чувствувам, некогаш се шегувам дека цела кариера играв во полесни лиги, а сега завршив да се шлепам, и ја одбрав физички најтешката, хахаха. Важна е и исхраната. На 30 години почнав да внимавам и затоа подобро играм откако наполнив 30 години наваму, отколку кога бев помлад. Кариерата ќе ја завршам во Нант, тоа е сигурно. Речиси сигурно ќе останам и во ракометот. Имам неколку опции во главата, времето ќе покаже по кој пат ќе тргнам“ – вели Лазаров.

Кире е горд на тоа што од 1997 година наваму го носи националниот дрес.

„Македонија е ракометна земја и треба да се негува тоа. Двапати бевме блиску до полуфинале на големи натпреварувања. Верувам во чуда, имаме нови талентирани генерации на кои им треба нашата помош. Во иднина може ќе бидеме уште подобри. Народот го сака ракометот и не треба да му се скрати тоа задоволство“ – додава Лазаров.

Целото интервју на Лазаров можете да го прочитате тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести