Аргентинските фудбалски таленти имаа одличен почеток на Мундијалот за играчи до 20 години и најавија дека се сериозни кандидати за рекорден седми трофеј.
Гаучосите ја декласираа Јужна Африка со 5:2 и по првата рунда се лидери во Ф групата заедно со Португалија.
Аргентина има вкупно шест титули во ова натпреварување и е најтрофејна нација пред Бразил со пет.
Следниот меч ќе го играат против Португалија и тука веројатно ќе се одлучува која селекција ќе оди во следната фаза како првопласирана.
Пред овој меч, денеска Португалија ја победи Јужна Кореа со 1:0, Франција беше подобра од саудиска Арабија и ги освои бодовите со триумф од 2:0, додека нерешено заврши мечот меѓу Панама и Мали.