Американската тенисерка Серина Вилијамс е казнета од организаторите на Отвореното првенство на САД со 17 илјади долари, или малку повеќе од еден процент од вкупната награда што ѝ припаѓа со пласманот во финалето.
Серина Вилијамс доби казна на теренот со одземање поен поради кавга со судијата, а сега е казнета и парично.
За неа тоа е речиси и безначајна парична казна од 17 илјади долари во однос на чекот од 1,4 милиони долари што го доби за пласманот во финалето. Таму загуби од Наомо Осака, тенисерка која за првпат освои Гренд слем трофеј.
Целиот настан и расправијата на Серина со судијата го расипа финалето, а Американката бараше извинување, но наместо тоа, доби парична казна.