Некогашниот стандарден премиерлигаш, Сандерленд, попладнево ќе се бори да се врати во Чемпионшип (втора лига во Англија). Сандерленд ќе игра против Чарлтон во финалето на плеј-офот во Лига 1 (третата лига во Англија). Победникот од овој меч ќе оди еден ранг погоре.
Традиција во Англија е ваквите мечеви да се играат на неутрален терен и тоа на „Вембли“ во Лондон. Британската престолнина уште од вчера е преполна со навивачи на Сандерленд и Чарлтон, а за памтење останува потегот на една девојка, навивач на Сандерленд.
Додека беа собрани околу една фонтана во центарот на Лондон, девојката реши да влезе во фонтаната, се соблече и изврши голема нужда. Останатите фанови збунето ја гледаа девојката, која сигурно ќе добие соодветна казна за нарушување на јавниот ред и мир.
https://twitter.com/AwayDayFooty/status/1132389364124790791