Фенербахче ја совлада Анталијаспор со 3-1 и сезоната во турското првенство ја заврши на шесто место, со само еден бод помалку од петтата Јени Малатијаспор која ќе учествува во квалификациите за Лига Европа.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, ги одигра сите 90 минути, и во 68 минута постигна гол за водство на Фенер од 2-1. Ова беше негов четврти погодок во турскиот шампионат сезонава. Фенербахче во последните четири кола, извојува четири победи по ред, па се искачи и на шестата позиција, иако долго се бореше за опстанок, нешто што не е карактеристично за овој клуб.
Погледнете го атрактивниот гол на Елмас, можеби негов последен во дресот на истанбулскиот гигант:
https://twitter.com/i/status/1132700776588034049