„Три за 30“ на Динамо против Хајдук

Динамо Загреб со победа од 3-1 против сплитски Хајдук ја официјализираше својата нова титула, а она по што ќе се памети сезонава во хрватската лига, е што „модрите“ собраа 30 бода повеќе од „билите“ кои завршија на четврто место.

Дека Динамо е доминантен во однос на Хајдук се потврди и денеска на „Максимир“, кога пред 14.000 луѓе, домашните во 56 минута поведоа со 3-0, а потоа гостите кои имаа поддршка од околу 2.000 фанови, го ублажија поразот. Погодокот за Хајдук го даде Мијо Цакташ, кој со 19 гола е најдобар стрелец во хрватското првенство, признание кое во сезоната 2015/2016 му припадна на нашиот Илија Несторовски.

Победата на Осиек над Интер Запрешиќ, значеше пад на Хајдук на четврта позиција, но Хајдук заедно со Ријека и Осиек ќе играат во квалификациите за Лига Европа, додека Динамо ќе ја претставува Хрватска во квалификациите од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести