Ракометарите на Бутел го совладаа Металург со 30-25 и го обезбедија четвртото место во македонската Суперлига, со што на едно коло до крајот, си обезбеди место во ЕХФ купот.
Бутел во својата дебитантска сезона во елитата испишува нови светли страници во клупската историја. На дуелот со тимот од Автокоманда, кај бутелци најефикасен беше Мајиќ со 11 гола.
Вардар, Металург, Еурофарм Работник и Бутел се екипите кои ќе ја претставуваат Македонија во европските купови следната сезона.